Во последните 24 часа во Македонија се потврдени четири нови случаи на коронавирус, едно лице почина, а 68 оздравеа, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 3.074 тестирања, а регистрирани се по еден нов случај од Скопје, Прилеп, Тетово и Кочани.
Регистрирани се 68 оздравени пациенти од: Скопје – 32, Куманово и Кичево – по 6, Тетово, Охрид и Струмица – по 4, Струга и Делчево – по 3, Кочани и Неготино – по 2, Прилеп и Македонска Каменица – по 1.
Пријавено е едно починато лице од Скопје (80г), починато во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 851.408 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.616, бројката на оздравени пациенти е 149.790, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 351.