Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има еден нов случај на коронавирус, а од заразната болест оздравеле три лица. Од последици на
коронавирусот, почина едно лице на 64-годишна возраст.
Бројот на активни случаи изнесува 124, од кои 104 се наоѓаат на домашно, а 20 на болничко лекување.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 198 лица.
Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 601. Ка.М.