Девет лица починаа, а потврдени се 137 нови случаи на коронавирус во Македонија во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство.
Тројца починати пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Штип и Струга и двајца од Гостивар.
Направени 1.542 тестирања, а најголем број од новите случаи се од Скопје – 60, Штип – 16 и 13 во Куманово.
Во Дебар – 5, Прилеп 3, Тетово 7, Велес 3, Битола 5, Гостивар 11, Кочани, Пробиштип, Демир Хисар, Виница, Струга и Охрид по еден нов случај, во Свети Николе 3 и Кичево 5.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 103 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 94.092 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.934, бројката на оздравени пациенти е 5.357, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.117.