Владата ја усвои Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата, министерствата и другите органи на државната управа.
Се утврдува дека работното време во овие институции започнува помеѓу 07:30 и 08:30 часот и завршува помеѓу 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Од утре полицискиот час ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 5 часот наутро, а за време на викендите – од сабота во 15 часот до понеделник во 5 часот.