Според статистичките податоци на МВР , во изминатите 24 часа на подрачјето на Кичево, полициските службеници констатирале 25 прекршоци на граѓани за неносење лична заштита на лицето. На овие лица им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила, за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест ковид-19. Инаку, на ниво на СВР Охрид ,за ваков прекршок казнети се 69 лица, од кои најмногу во Кичево, извести Стефан Димоски од СВР Охрид. З.А.