Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона-вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.238 и има околу 270 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.
Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 768 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
– Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово има 82 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 93, во ковид-центарот во Гостивар 73, а во Струга 40 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 18, Кавадарци 51, во Гевгелија 13 лица, а во Дебар 7 позитивни и суспектни на коронавирусот – посочуваат од ресорното министерствоод каде додаваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.