Владата тврди дека ниту еден министер не бил вакциниран преку ред, откако пратеникот Антонио Милошоски на Фејсбук објави дека министрите Мила Царовска, Артан Груби и Бојан Маричиќ се вакцинирани против коронавирус.
– Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање на министри. Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба во државата – објави на официјалниот твитер-профил, портпаролот на Владата.
Милошоски повикувајќи се на медиуми во Албанија на својот Фејсбук профил објави дека тројцата министри преку ред се вакцинирале, а дел од порталите претходно повикувајќи се „Њуз 1“ од Албанија објавија дека дел од македонските министри веќе се вакцинирале.