Министерот за здравство Венко Филипче на Твитер апелираше до граѓаните да избегнуваат собирање во големи групи и да носат маска за да го заштитат здравјето.
– Ти си на одмор, но вирусот не е! Избегнувај собирање во големи групи, носи маска, за да го заштитиме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски. Да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19, затоа што јавното здравје е заедничка одговорност – напиша Филипче.