Министерот за здравство Венко Филипче апелира славите и празниците кои се пред нас, годинава да ги прославиме само со најблиските и да нема групирања по домовите за да се спречи натамошно ширење на заразата со ковид-19.
Во објава на Фејсбук министерот укажува дека следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на ковид-19 и поради тоа е потребна максимална одговорност за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на нашите најблиски.
– Во наредниот период, да не се групираме по домовите и да си помогнеме сите заедно побрзо да излеземе од корона-кризата. Сега е потребно да ги почитуваме мерките за заштита, а наредната година ќе прославиме согласно традицијата. Помогнете ни, за сите нас – напиша Филипче на социјалните мрежи.