Лекарите забележале невролошки симптоми, вклучително и конфузија, мозочен удар и епилептични напади, кај мал дел од пациентите со ковид-19. Невролозите ширум светот велат дека дел од пациентите со ковид-19 развиваат сериозни нарушувања на мозокот, соопшти Здружение за борба против мозочен удар.
Иако треска, кашлица и отежнато дишење се типични белези на инфекција со новиот коронавирус, некои пациенти покажуваат изменет ментален статус или енцефалопатија, израз за сериозно заболувања на мозокот или дисфункција што може да има многу етиолошки чинители односно други сериозни состојби. Овие невролошки синдроми се придружуваат на други необични симптоми, како што е намалено чувство за мирис и вкус, како и срцеви заболувања.
Постојат набљудувања од страна на лекарите во сите делови на светот, кај пациенти со ковид-19 кои имаат мозочни удари, епилептични напади, симптоми слични на енцефалитис или згрутчување на крвта, како и пецкање или вкочанетост на екстремитетите. Во некои случаи, пациентите биле делирантни (дезориентирани) дури и пред да развијат треска или респираторни заболувања, тврди д-р Алесандро Падовани, чија болница на Универзитетот Бреша во Италија отвори посебна единица NeuroCovid за да се грижи за пациенти со невролошки состојби.
Пациентите кои влегуваат со енцефалопатија се збунети и летаргични и може да бидар дезориентирани, покажувајќи чудно однесување или нарушена свест. Можеби имаат епилептичен напад или друга невролошка состојба која бара итна медицинска помош. Експертите ги предупредуваат давателите на здравствени услуги кои лекуваат такви пациенти да препознаат евентуален заразен со ковид-19 и да преземат мерки на претпазливост за да се заштитат од инфекција.