Работете од дома, одделете се од другите во различна просторија, редовно проветрувајте ги просториите, избегнувајте заедничко користење предмети, чистете ги површините во домот. Ова се дел од советите кои министерот за здравство Венко Филипче ги сподели на неговиот фејсбук-профил.
Како до правилна домашна самоизолација? Информирајте се и споделете ги препораките. #ЗаштитиСе #СедиДома
Posted by Венко Филипче on Петок, 20 март 2020
Филипче објави и фотографија со колегите од Институтот за јавно здравјe.
– Ова се моите колеги од Институтот за јавно здравје, авторизираната лабораторија во која се изработуваат тестовите за коронавирус. Ова се хероите кои деноноќно се на своите работни места. Тие се таму, а вие седете дома. Да го спречиме ширењето на вирусот и да им помогнеме полесно да го надминат овој исклучително тежок период – се наведува во описот на фотографијата.