Фото: Игор Бансколиев

Секој ден, светските научници се обидуваат да дознаат повеќе за коронавирусот со цел да најдат вакцина и да прекинат неговото ширење. Група здравствени експерти објавија кои јавни места содржат бактерии и не би требало да се допираат, пренесува „Дејли мејл“.

Претходните истражувања покажаа дека вирусите како САРС можат да преживеат на метал, стакло и пластика дури девет дена. Иако температурите над триесет Целзиусови степени и миењето со средство за дезинфекција го спречуваат нивното ширење, експертите предупредуваат на одредени ризични места.

Пари, банкомати и лифтови се местата каде што има голем број заразни бактерии. Копчињата на лифтовите имаат дури четириесет пати повеќе бактерии отколку во јавните тоалети, покажува една студија спроведена во американската сојузна држава Аризона.

Наместо да ја допирате површината со рацете, експертите советуваат да ги притиснете копчињата со лактите или ракавите, за да не го пренесете вирусот на очите или устата подоцна. Исто така, се препорачува миење и дезинфекција на рацете по допирање на какви било јавни површини.

Други совети од експертите се дека треба да бидете претпазливи и да не го допирате лицето со валкани раце. Најдобро е да ги миете рацете со сапун, а не со средство за дезинфекција. Исто така, сапунот треба да биде течен, а не во цврста состојба, бидејќи може да е веќе загаден со бактерии.

Предмети кои пренесуваат бактерии

Тацни за храна
Корпи за храна по продавници
Копчиња во лифтови
Пари
Банкомати
Компјутерски тастатури и глувчиња
Јавни тоалети
Клучеви

Светската здравствена организација препорачува рацете да се мијат со техниката во шест чекори, за соодветно да се одржува хигиена