Главниот виролог на Универзитетската клиника во Хајделберг, Ханс-Георг Кројслих, предупредува на опасноста од нови мутации на коронавирусот, особено во периодот помеѓу приемот на двете дози на вакцината.
– Би било загрижувачки ако во следните недели, многу луѓе, по првата вакцина, имаат нецелосна заштита, а во исто време има бројни инфекции. Тоа би било идеален простор за нови видови кои би можеле да го заобиколат дејството на вакцината – изјавил Кројслих за весникот „Рајн Некар Цајтунг“.
Тој истакнал дека, со делумен имунитет, може да се создадат отпорни варијанти на вирусот.
– Ако се заразат голем број луѓе, кои сè уште немаат целосен имунитет, тогаш се зголемува веројатноста за нови мутации – смета вирологот.