Министерството за здравство информира дека согласно со податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, дека се направени 2.624 тестови, а регистрирани се 389 нови случаи на ковид-19: Скопје – 204, Битола – 26, Велес – 22, Куманово и Прилеп – по 21, Кавадарци – 20, Тетово – 12, Кичево – 9, Ресен – 7, Охрид и Штип – по 6, Гевгелија и Неготино – по 5, Виница – 4, Гостивар, Струмица, Кочани и Радовиш – по 3, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 2, , Струга, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (389), регистрирана е 61 реинфекција.
Регистрирани сe 749 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (68 години, 74 години, 75 години и 93 години) и по едно починато лице од Прилеп (83 години), Велес (81 години) и Струмица (72 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (3), Гостивар (1), Куманово (1), Охрид (1), Струмица (1) и Штип (1). Починатите лица се на возраст од 62 до 96 години. Лицата за починати се пријавени во период од 19 февруари до 26 февруари годинава. Од пријавените лица 6 лица се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.
Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.901.296 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.049, бројот на оздравени пациенти е 287.127, на починати е 9.065 а бројот на активни случаи изнесува 2.857.