Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена (од 8 до 10 јули 2022 година) се направени 1.869 тестови, а регистрирани се 520 нови случаи на ковид-19: Скопје – 314, Битола – 35, Тетово – 23, Куманово – 20, Велес – 16, Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15, Охрид – 14, Гостивар – 11, Струмица – 9, Неготино – 6, Кичево и Гевгелија – по 4, Струга, Валандово и Пробиштип – по 3, Куманово, Велес, Крива Паланка, Богданци и Кратово – по 2, Кочани, Ресен, Свети Николе и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (520), регистрирани се 29 реинфекции.
Регистрирани сe 463 оздравени пациенти од: Скопје – 244, Битола – 40, Куманово – 33, Охрид – 32, Тетово – 19, Велес – 17, Прилеп и Кавадарци – по 15, Штип – 12, Струмица – 6, Гостивар и Кичево по 5, Делчево – 3, Кочани, Струга, Радовиш, Крива Паланка и Крушево – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово, Дебар, Пробиштип, Богданци и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите три дена не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ регистрирани се четири починати: две лица од Скопје (67 години и 83 години) и по едно лице од Охрид (80 години) и Тетово (69 години). Од пријавените починати лицa две се починати во болнички услови, а две во домашни услови. Починатите се пријавени во период од 28 јуни до 7 јули 2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.090.703 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.219, бројот на оздравени пациенти е 305.239, на починати е 9.335, а бројот на активни случаи изнесува 1.645.