Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 665 тестови, а регистрирани се 32 нови случаи на ковид-19: Скопје – 28, Битола, Куманово, Прилеп и Велес – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (32), регистрирани се 3 реинфекции.
Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Битола – 5, Кавадарци и Кичево – по 2, Скопје, Охрид и Берово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ дополнително не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.048.535 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.484, бројот на оздравени пациенти е 301.651, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 533.