Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 953 тестови, а регистрирани се 23 нови случаи на ковид-19: Скопје – 19, Прилеп – 2, Гостивар и Свети Николе – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (23), регистрирана е 1 реинфекција.
Регистрирани сe 190 оздравени пациенти од: Скопје – 108, Битола – 23, Кавадарци – 13, Гевгелија – 9, Прилеп – 7, Велес – 6, Куманово – 5, Ресен – 4, Струмица и Кичево – по 3, Тетово, Штип, Кочани и Пробиштип – по 2. Свети Николе – 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 1 починато лице од Охрид (80 години), починато во болнички услови со коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.984.493 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.817, бројот на оздравени пациенти е 297.354, на починати е 9.252, а бројот на активни случаи изнесува 1.211