Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.570 тестови, а регистрирани се нови 739 случаи на ковид-19: Скопје – 262, Битола – 55, Куманово – 40, Кавадарци – 37, Охрид – 35, Прилеп, Тетово и Велес – по 28, Гостивар и Штип – по 24, Струмица, Струга и Радовиш – по 19, Неготино – 14, Кичево, Кочани и Свети Николе – по 13, Ресен – 12, Крива Паланка – 10, Гевгелија – 8, Делчево, Богданци и Кратово – по 5, Берово, Виница, Крушево, и Демир Хисар – по 4, Демир Капија – 3, Дебар и Дојран – по 2.
Од вкупниот број на позитивни (739), регистрирани се 153 реинфекции.
Регистрирани сe 659 оздравени пациенти од: Скопје – 317, Битола – 69, Велес – 36, Кавадарци и Прилеп – по 34, Штип – 22, Гостивар – 21, Тетово – 20, Струмица – 14, Неготино и Гевгелија – по 11, Радовиш, Кичево и Кочани – по 10, Кратово и Валандово – по 6, Ресен – 5, Крива Паланка – 4, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 3, Берово и Демир Хисар – по 3, Куманово, Охрид, Струга, Богданци, Крушево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје (73г), починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.125.150 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 330.755, бројот на оздравени пациенти е 317.149, на починати е 9.388, а бројот на активни случаи изнесува 4.218.