Во последните 24 часа, потврдени се 1.787 нови случаи на коронавирус во Србија, а 35 лица починаа.
Според податоците на Министерството за здравство, последното деноноќие тестирани се 8.845 примероци. Најголем број на новоинфицирани има во Белград – 545. На респиратор има 229 пациенти.