Пациент на возраст од 59 години од Кикинда е првата жртва на коронавирус во Србија, соопшти на прес-конференција премиерката Ана Брнабиќ.
Најновите информации од српското Министерството за здравство велат дека се потврдени 17 нови случаи на коронавирус во Србија.
Од последниот утрински извештај до вечерва во 18 часот, бројот на заразени од коронавирус во Србија е зголемен од 118 на 135.