Драгослав Космајац (67), кој во српската јавност стана познат откако претседателот Александар Вучиќ во 2014 година го прогласи за најголем наркодилер во земјата, починал поради здравствени компликации прeдизвикани од ковид-19, јави телевизијата Н1.
Космајац бил хозипитализиран во клиниката „Драгиша Мишовиќ“ каде поради влошената здравствена состојба бил ставен на респиратор.
Космајац неколку месеци откако Вучиќ го означи како најголем дилер на дрога во земјата беше уапсен, но не поради наркотици, туку за финансиски малверзации.
Поради недостиг на докази во 2018 година тој беше ослободен.
Времето што Космајац го мина во притвор, како и судските трошоци, ги чинеле српските граѓани околу два и пол милиони динари.