Од утре од 10 часот во сите градови во Србија ќе биде забрaнет излез за сите постари лица од 65 години, а во селските средини излезот ќе биде забранет за лицата постари од 70 години.
Како што најави српскиот претседател Александар Вучиќ, од утре од 20 часот до 05 часот ќе биде забрането движење на улиците во Србија на сите лица, освен органите на власт и оние кои ќе имаат работна обврска.
– Целта ни е да за два до три дена да се бидат укинати сите автобуски и железнички линии, бидејќи целта ни е луѓето да останат во своите домови – најави Вучиќ како дел од мерките кои ги презема земјата во борба против коронавирусот.
Тој најави дека Србија ќе излезе во пресрет на барањата на Северна Македонија за извоз на пченка и брашно.