Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се првите политичари во Грција што ја прими вакцината на Фајзер/БиоНТек за ковид-19, јави грчкиот весник „Катимерини“.
– Овој Божиќ, науката ни го даде најголемиот подарок – рече Сакеларопулу по нејзината вакцинација нешто по 14 часот.
Таа е првата од 45 државни службеници која ја прими вакцината против коронавирисот.
Премиерот Киријакос Мицотакис беше вакциниран околу половина час подоцна, во болница во западна Атина.
– Ова е одличен ден за науката и за ЕУ, која истовремено ја дистрибуираше вакцината до сите членки. Ние се вакцинираме први за да покажеме дека вакцината е безбедна. Нашата цел е да го вакцинираме најголемиот дел од Грците. Се надеваме дека, со текот на времето, дури и оние наши сограѓани кои имаат недоверба кон вакцината ќе бидат убедени дека тоа е вистинскиот начин – рече Мицотакис пред новинарите по вакцинирањето.
Неколку минути пред 15 часот и претседателот на парламентот Константин Тасулас беше вакциниран, во болницата „Евангелизмос“.
Целиот процес на вакцинирање во живо беше пренесуван на грчките телевизии.