Словенечкиот премиер Јанез Јанша процени дека епидемијата на Kовид-19 во Словенија ќе биде згасната оваа година и дека е оптимист кога станува збор за продолжување на постапките на неговата влада, и покрај обидот на опозицијата да предизвика нејзино пропаѓање.
Синоќа за време на посетата на градската болница во Чемпетер, на западот на Словенија, Јанша најави масовно тестирање на антигени тестови низ цела Словенија во здравствените домови за почетокот на следната недела и ги повика сите да го користат што е можно повеќе.
Според Јанша, здравствените работници и вработените во критичната државна инфраструктура ќе бидат вакцинирани во јануари, а пристигнувањето на вакцината на „Модерна“ и „АстраЗенека“, што се очекува следниот месец, ќе помогне во гаснењето на епидемијата.