Националното координативно тело за заразни болести, на предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на ковид-19 во Црна Гора.
– Ова е резултат на повеќемесечни напори на сите во системот и нашите граѓани. Ви благодариме на довербата. Некои мерки ќе бидат укинати, но бидејќи пандемијата уште трае, остамуваат на сила мерките против импортација на вирусот – соопшти срногорската влада на Твитер.
Црна Гора 28 дена по ред нема регистрирано случаи на заболени од коронавирус.
Од почетокот на епидемијата во земјата се регистрирани 324 случаи на заразени од коронавирус, оздравеле 315, а 9 починале.