Црногорските здравствени власти добија донација од 10.000 дози од вакцината на „Астра зенека“ од Хрватска.

Амбасадорот Томислав Павковиќ рече дека тоа е израз на солидарност кон сите граѓани на Црна Гора, што е една од основните европски вредности што Хрватска сака да ја промовира.

Хрватската влада претходно донесе одлука да донира 50.000 дози вакцини од „Астра зенека“ на Црна Гора, Босна и Херцеговина и на Косово.

Црна Гора досега вакцинираше скоро 250.000 лица, а скоро половина од нив се целосно имунизирани со две дози на вакцина.