Хрватскиот институт за јавно здравје објави нови критериуми за тестирање на коронавирус, прекинување на изолација и карантин.

Според новите регулативи, самоизолацијата е скратена од две недели на 10 дена.

– Според одлуката на експертската група на кризниот штаб на МЗ, самоизолацијата на лице кое е во близок контакт со болен пациент од Ковид-19 е скратена од 14 на 10 дена. Исклучок се луѓето кои работат во институции за сместување и престој за стари и сериозно болни возрасни лица и лица со попреченост, чиј карантин трае 14 дена – се наведува во одлуката, а пренесува „Индекс“.

– Веќе некое време се зборува за скратување на самоизолацијата од 14 на 10, објавен е документ вчера. Пред некое време изолацијата беше скратена, а од вчера имаме ваква одлука во врска со самоизолацијата. Сега е 10 дена и самоизолацијата и изолацијата – откри Ивана Павиќ-Шиметин, заменик директор на Хрватскиот институт за јавно здравје.