Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја одобри вакцината на „Астразенека“ и Универзитетот Оксфорд за итна употреба.
Во соопштението на СЗО се вели дека вакцината произведена од „Астразенека“ во соработка со „СКБио“ (од Јужна Кореја) и Институтот за серуми од Индија е одобрена, јави „Ројтерс“.
– Сега ги имаме на располагање сите делови за брза дистрибуција на вакцините. Но, сепак треба да го зголемиме производството – рече Тедрос Гебрејесус, генерален директор на СЗО.
Вакцината беше одобрена неколку дена откако панелот на СЗО обезбеди привремени препораки, велејќи дека на возрасните мора да им се дадат две дози во интервал од околу осум до 12 недели, во земји и со јужноафриканската варијанта на вирусот.
Одобрувањето на вакцината на „Астразенека“ и Оксфорд е добредојдено затоа што е поевтина и полесно се дистрибуира од некои други вакцини, вклучувајќи ја и онаа на „Фајзер“ / „Бионтек“.