Дел од демонстрантите на протестот против превентивните мерки во Загреб се упатија кон зградата на Хрватската радио телевизија (ХРТ), но беа дочекани од интервентната полиција која им го блокираше влезот во зградата.
Незадоволните граѓани упатија навреди кон новинарите, инсистирајќи да разговараат со директорот на ХРТ со цел нивниот протест да се емитува во програмата на националната телевизија.
Демонстрантите биле незадоволни од начинот на кој се известува за протестот. За време на протестот бил нападнат репортер од телевизијата РТЛ кој добил неколку удари, како што пренесуваат хрватските медиуми.