Градоначалникот на Белград, Зоран Радојичиќ изјави дека денеска во главниот град на Србија ќе биде прогласена вонредна состојба, јавуваат тамошните медиуми.
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа најави дека клубови, сплавовите и кафулињата што немаат тераси во Белград ќе бидат затворени на две недели во периодот од 23 часот до 6 часот, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.
Парично ќе се казнуваат лицата кои нема да носат заштитни маски во трговските центри и јавниот градски и меѓуградски превоз, а ќе бидат затворени и студентските домови затоа што голем број студенти се заразени.
Бројот на луѓе собрани во затворено ќе биде ограничен на 100, на растојание и со маски, а на отворено на 500 лица.