Бугарската влада, по само еден ден од носењето на одлуката, ја укина наредбата за носење заштитни маски на јавни места.
Министерот за здравство Кирил Ананиев го стори тоа, откако стотици луѓе поднесоа тужба против наредбата, тврдејќи дека нема доволно медицински маски во продажба.
Во Бугарија има потврдено скоро 400 случаи на инфекции на коронавирусот и осум смртни случаи.