Хрватскиот институт за јавно здравје денеска објави дека сите контакти на заразените со омикрон-варијантата на коронавирус одат во 14-дневен карантин, без оглед дали се вакцинирани или веќе прележале ковид-19.
„Доколку изворот е заразен со омикрон-варијанта или постои епидемиолошки сомнеж дека се работи за тој вид, сите контакти, без разлика на статусот на вакцинација и прележана болест, ќе подлежат на 14-дневен карантин и треба да се тестираат со ПЦР-тест на почеток и на последниот ден од карантинот“, стои во ревидираните препораки, а пренесе агенцијата „Хина“.
Хрватскиот завод исто така наведува дека ако варијантата на омикрон е исклучена со секвенционирање, 14-дневниот карантин се прекинува, а контактите понатаму се третираат како оние изложени на веќе присутните варијанти на вирусот.
Хрватскиот завод за јавно здравје синоќа го потврди третиот случај на омикрон варијантата на коронавирус.