Грчката влада објави дека ги затвора границите на земјата со Албанија и Македонија и ги прекинува фериботските врски со Италија, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, јавуваат грчките медиуми.
Усвојувањето на новите мерки уследи по состанокот на високи функционери со премиерот Киријакос Мицотакис.
Меѓу донесените мерки се:
– Прекинување на патните, морските и воздушните врски со Албанија и Македонија, со исклучок на пренесувањето на стоки и влез во Грција за оние кои имаат грчко државјанство или живеат во земјата.
– Суспендирање на услугите на ферибот кон и од Италија. Транспортот на стоки продолжува.
– Забрана за крстарење на грчките пристаништа.
– Воздушните врски со Шпанија се прекинати.
– Парична казна до 5.000 евра ќе им се издаде на оние кои ги кршат најавените мерки.
Новите мерки следуваат по информацијата дека еден пациент во болницата во Солун починал од коронавирус, со што вкупните смртни случаи во земјата достигнаа четири лица.
Властите во земјата ги затворија училиштата, универзитетите, музеите, театрите и сите спортски настани.