Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја повика српската дијаспора да не доаѓа за време на велигденските празници како превенција од ширењето на коронавирусот.
Вучиќ рекол дека во тој период се очекува пикот и дека доаѓањето на заразени луѓе би бил најтешкиот удар за Србија и народот.
– Тоа би било крај за нас. На различни начии ќе се обидеме да го спречиме тоа, ако треба и со целосна блокада на границите. Најголем предизвик за нас ќе бидат католичкиот и православниот Велигден. Ги молам нашите луѓе во дијаспората да разберат и да не доаѓаат во нашата земја – рекол Вучиќ.