Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 262 нови случаи на коронавирус, со што бројот на активни случаи се искачи на 2.727. Од нив, 229 пациенти се на болничко лекување, а 13 се приклучени на респиратор.

Во последните 24 часа починало едно лице.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на ковид-19 во Хрватска, потврдени се 10.123 случаи, од кои 184 починале, а 7.212 оздравеле.

Во самоизолација се 8.879 луѓе.

До денеска, тестирани се 166.638 луѓе.