Во последните 24 часа, две лица починаа од коронавирус во Србија, регистрирани се 108 нови инфекции и тестирани се 9.513 лица, изјави секретарот за здравство, Зоран Гојковиќ.
Тој на прес-конференцијата на Кризниот штаб рече дека 673 лица во моментот се лекуваат во болници, дека се примени 106 нови пациенти и дека 36 лица се на респиратор.
Од почетокот на епидемијата починале вкупно 709 лица. Досега се тестирани 913.856 граѓани, а заразени биле 31.207 лица.