Во последните 24 часа, во Србија се регистрирани уште 137 случаи на инфекција со коронавирус, а едно лице починало.
Вкупниот број на заразени се искачи на 13.372, а 264 пациенти починале.
Во последните 24 часа биле тестирани 7.311 лица, а досега тестирани се вкупно 366.380.
Вчера во Србија беа регистрирани 143 новозаразени, а ден претходно бројката изнесуваше 102.
Во моментов во земјата има 954 активни случаи, а на респиратор се 24 лица.
Стапката на морталитет изнесува 1,97 проценти.