Во Србија во изминативе 24 часа регистрирани се девет нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати изнесува 94 лица.
Станува збор за 7 мажи и две жени, на просечна возраст од 69 години, јавуваат српспските власти.
Во изминатите 24 часа, позитивни се тестовите за 411 лица, со што вкупниот број на заразени во Србија веќе изнесува 4.465 лица.
Во болниците се хоспитализирани 3.006 пациенти, од кои 131 лица се со влошена клиничка слика и ставени се на респиратор.