Вкупно 49 деца и 21 вработен се заразиле со коронавирус во сите градинки и основни и средни училишта во Загреб, соопшти Ива Милардовиќ Штимац од секторот за образование на Загреб.
„447 деца и ученици и 54 вработени се во самоизолација“, кажа Милардовиќ Штимац.
Во градинките се заразени две деца и осум вработени, а 121 дете и 20 вработени се во самоизолација.
Во основните училишта се заразени 11 деца и шест вработени, додека 206 деца и 23 вработени се во самоизолација, а во средните училишта 36 деца и седум вработени се заразени, додека 120, односно 11 се во самоизолација.
„Мора да знаеме дека во оваа учебна година имаме приближно 100.000 деца во основните и средните училишта, нешто повеќе од 30.000 во градинките“, кажа Милардовиќ Штимац и изјави дека во тој контекст статистички не изгледа лошо бројот на заразени.
Иако, додаде таа, би сакале тој број да станува сè помал секој ден.