Според последните податоци, во Србија се регистрирани 5.896 нови случаи на коронавирус, од 19.952 тестирани примероци, а починаа 63 лица. На респиратор има 290 пациенти.
Во Белград 300.000 граѓани веќе ја примиле третата, бустер доза од вакцината, а бројот на оние кои ја примаат првата доза се зголемува секој ден, изјави градскиот секретар за социјална заштита, Наташа Станисављевиќ.
Таа за ТВ Пинк изјави дека во Белград досега се дадени 1.938.000 дози, односно дека со првата доза се вакцинирани 837.000 граѓани, што е повеќе од 60,39 отсто, додека 800.000 луѓе или 57 отсто се ревакцинирани.
– Од воведувањето на пропусниците за ковид, односно од минатиот понеделник, во Белград се зголемува бројот на вакцинирани – нагласи Станисављевиќ.