Вo последните 24 часа, 9.349 лица биле тестирани за коронавирус во Србија, од кои 411 биле позитивни, а регистрирани се и осум смртни случаи.
Во моментов, 170 пациенти во српските болници се на респиратори.
„Кривата се стабилизира, но сè уште се движиме работ, а Белград е вистинска епидемиолошка бомба“, рече денеска српскиот епидемиолог Предраг Кон.