Согласно со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени се 1.997 тестови, а регистрирани се 142 нови случаи со ковид-19, еден починат и 198 оздравени пациенти.
Починато лице е од Скопје (82 години). Починало во болнички услови. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени три починати лица од Скопје (1), Струмица (1) и Крива Паланка (1) на возраст од 36 до 75 години. Пријавените лица се починати во периодот од 7 март до 8април годинава, две во болнички и едно во домашни услови. Кај сите четири починати лица се регистрирани коморбидитети, соопшти Министерството за здравство.
Од 142 новозаболени од Скопје се 77, Битола 22, Кавадарци, Гостивар и Струмица по 5, Струга 4, Велес, Охрид, Кичево, Ресен и Радовиш по 3, Штип и Прилеп по 2, Кочани, Куманово, Гевгелија, Делчево и Берово по 1. Од вкупниот број на позитивни (142), регистрирани се 25 реинфекции.
Од 198 оздравени пациенти од Скопје се 112, Битола 24, Охрид 12, Прилеп, Кавадарци и Куманово по 7, Ресен 6, Велес, Делчево и Берово по 3, Струмица, Кичево, Радовиш, Кочани и Гевгелија по 2 и Штип, Неготино, Дебар и Валандово по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.990.996 тестирања на ковид-19. Вкупниот број дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 308.294, бројот на оздравени пациенти е 297.922, на починати е 9.260, а на активни случаи изнесува 1.112.