Популарниот готвач се враќа на телевизиските екрани со нова емисија наменета за луѓето во изолација и карантин. Тој најави нова емисија наречена „Гответе и продолжете понатаму“, во која ќе готви со најосновните намирници кои луѓето ги имаат на залиха.
Идејата на Оливер е да им помогне на луѓето што полесно да ги поминат деновите во изолација, но и да зготват нешто хранливо.