Бесплатното патување до Тоскана ќе беше сон пред еден месец, но сега Австралијците кои се наоѓаат на крузерот „Коста Луминиоза“, се плашат дека тоа би можело да ги чини нивните животи, пишува „Гардијан“.
Постарите Австралијци ќе бидат принудени да се изолираат во Италија пред да им биде дозволено да се вратат дома, откако австралиската влада не успеа да ги евакуира кога нивниот бродот се закотви во Франција.
– Се чувствуваме како киднапирани и однесени во срцето на пандемијата, тотално против нашата волја – рече Елејн Геставино од Перт, која се ноѓа на бродот.
Кога бродот ја напушти Флорида на луксузна турнеја низ Карибите и Европа, единствено имаше забрана за патување имаше кон Кина. Кога бродот стигна преку Атлантикот, скоро цела Европа ги затвори границите. За да бидат работите уште полоши, патниците кои биле евакуирани порано во текот на патувањето, било потврдено дека имаат ковид-19, што значи дека болеста се шири брзо во бродот.
Бродот бил закотвен во Савона, Италија, во понеделникот, но се очекува да патува за Тоскана за да ги претовари патниците во област каде што има помалку оптоварување во болниците. Мајката на Рачаел Мејбери, Маргарет Конел, е во нејзините седумдесетти години. Таа тргнала на патувањето со бронхитис и била симната од бродот во Савона.
– Не сакам да размислувам за тоа, но јас сум загрижен дека мајка ми нема да излезе жива од болницата – рече Мејбери, која е во контакт со нејзините родители од Сиднеј.
Сега е потврдено дека Маргарет и нејзиниот сопруг Дејвид, кој сè уште е на бродот, се позитивни на ковид-19. Мејбери очекува дека нејзината мајка ќе ја остават во Савона кога „Коста Луминиоза“ ќе замине за Тоскана.
– Ако вирусот не ја убие мајка ми, тогаш оддалеченоста од татко ми ќе ја убие – рече Мејбери.
Патниците за „Гардијан“ изјавија дека многу лица на бродот имаат кашлица, а други постари патници имаат треска.
– Ако веќе не сме болни, ќе бидеме многу скоро. Добиваме храна оставена пред врата од страна на персоналот кој носи маски и ракавици, а понекогаш и во заштитни одела – рече Самата Холт.
На почетокот од оваа недела, на австралиските патници им било кажано дека ќе заминат во Франција со канадските и американските патници. Како и да е, утрото кога пристигнале на пристаништето, под нивната врата им било пуштено писмо во кое пишува дека сите летови се откажани. Без потврден лет за надвор од земјата, ограничувањата за патувања во ЕУ им забрануваа да излезат од земјата.
Додека канадските и американските патници заминаа преку чартер-лет, Австралијците и патниците од неколку други нации тогаш беа принудени да отпловат кон Италија, единствената земја што сè уште прифаќа крузери кои пловат под италијанско знаме. Кога пристигнале во Савона, тие беа пречекани со повеќе лоши вести.
– Ставот на италијанските власти е дека не е можно да се транспортираат лица на поголема оддалеченост, како на пример до местата како Австралија, додека се одржува ефективна изолација, како што се бара според здравствените налози. Поради оваа причина, ќе биде потребно лицата од Австралија и другите оддалечени земји да бидат во изолација приближно две недели во Италија, пред да заминат во нивните матични земји – се вели во пораката испратена до патниците од австралиската амбасада во Рим.
Министерката за надворешни работи на Австралија, Марис Пејн, денес рече дека има 3.000 патници заглавени на 30 бродови низ целиот свет.
– Ако моментно сте во странство, ве молиме водете сметка за себе и давајте си поддршка едни на други. Многу од нашите амбасади се мали и ќе бидат ограничени во она што можат директно да го сторат, особено во земјите што наметнуваат ограничувања на движењата – рече таа.