Поради пандемијата на коронавирусот одложени се многу спортски настани, меѓу нив и Инвиктус – игрите кој ги основал принцот Хари, пренесуваат британските медиуми.
Станува збор за спортски настан кој го основал принцот Хари по завршување на својата воена служба во Авганистан. На игрите учествуваат повредени и болни припадници на воените сили, воени ветерани, во разни спортови од кошарка до веслање.
Игрите Инвиктус требаше да се одржат петти пат по ред од 9 до 16 мај во холандски Хаг.
Прв пат игрите Инвиктус се одржани во септември 2014 година во олимпискиот парк на кралицата Елизабета во Лондон. Вторите се одржале во Орландо, САД, третите во Торонто, Канада, а последните во австралиски Сиднеј.