Кога Дани Аскини од Бостон, САД, почнала оддеднаш да чувствува болка во градите, недостаток на здив и мигрена, се јавила на онкологот кој ја лекувал од лимфома. Нејзиниот доктор мислел дека можеби лошо реагира на новиот лек, па ја испратил Асини во итна помош. Таму, лекарите и рекле дека најверојатно има пневмонија и ја испратиле дома, пишува магазинот „Тајм“.
Во текот на следните неколку дена, на Аскини температурата и спаднала високата температура, по што и се развила кашлица од која се гушела поради течноста во белите дробови. По уште две одења во итна помош истата недела, Аскини конечно ја тестирале за коронавирус на седмиот ден од нејзината болест. Откако лекарите и дале терапија според нејзините симптоми на грип и пневмонија, тие повторно ја испратиле дома за да закрепне. По три дена лабораторијата го обработила тестот, а таа добила и дијагноза дека е заболена од ковид-19.
Неколку дена подоцна, Аскини ги добила сметките за тестирање и третман во износ 34.927 долари.
Како и 27 милиони други Американци, Аскини немала здравствено осигурување кога за првпат влегла во болница. Таа се пријавила за помош и се надева дека програмата ретроактивно ќе ги покрие нејзините сметки.