Јапонците се многу суеверни. Оние што помислуваа да крадат сакав да ги шокирам со помислата дека врз нив ќе биде фрлена магија. Вака Минк Итачибе го објаснила решението за спречување на кражба од нејзината продавница во градот Нигата. Таа, соочена со честата кражба на тоалетната хартија, се сетила да постави натписи кои ги предупредуваат крадците дека врз нив ќе биде фрлена магија, пишува „Вечерњи лист“.
Јапанците успаничени од коронавирусот почнале да трупаат резерви на неопходни производи, во кои спаѓа и тоалетната хартија. Оние кои не успеале да купат почнале да ги крадат ролните од јавните тоалети. Итачибе забележала дека од тоалетот на продавницата се крадат три до пет ролни дневно.
Тоа ја поттикнало да направи цртежи на кои се напишани „магии“ и ги ставила пред ролните хартија.
– Тоа го направив на шега, но излезе дека има влијание – изјавила Иачибе за Си-ен-ен.
По поставувањето на цртежите веќе не се крадат ролните тоалетна хартија во нејзината продавница.