Мерките за изолација го стишија главниот град на Турција. Спокојот нуди духовна и природна убавина. Делфини можат да се забележат во близина на мостот на Галата, птиците преселници се вратија, а загадувањето на воздухот е намалено, давајќи му можност на градот да ги види снежните врвови на планината Улудаг, пренесува „Њујорк тајмс“.
Секако, Истанбул не е под целосен полициски час. Пекарите се ослободени од мерките за изолација затоа што свежопечениот леб е важен дел за турската трпеза. Пекарите ги продаваат своите производи на празните улица од задниот дел на комбиња.
Слаткарниците, исто така, имаат дозвола за работа. Во Турција не се може без баклава, која е омилениот десерт на нејзините граѓани, а производителите на баклава спаѓаат во т.н. „неопходни работници“.
– Јадеме баклава во секоја пригода, посебно за време на Рамазан, на прослави, но и на погреби – изјави Мурат Гулу, генерален менаџер на познатата слаткарница „Каракој Гулуоглу“.
Вработените во неговата слаткарница работат макотрпно додека корите за баклава толку тенки, што преку нив можете да читате весник, како што традицијата налага. Тие печат илјадници порции, а потоа во кутии за достава ги носат до домовите на купувачите.
Барабанџиите за Рамазан исто така имаат дозвола за движење за време на полицискиот час. Тие во раните утрински часови ги повикуваат луѓето да станат и да јадат пред да почне молитвата која заедно со зората го отпочнува дневното постење.
Друга стара традиција на која се потсетуваат Турците е и спуштањето на кошница за намирници преку прозорец до продавниците. Стотици кошници со нарачки се оставени пред продавниците, а понекогаш и на самите улици. Некогаш луѓето оставаат и кошници со бесплатни намирници за оние кои не можат да си дозволат да купат. Друг обичај е луѓето да платат за две леба во пекарница, оставајќи еден за пекарот да го даде на некој од сиромашните.
Можеби поради лекциите научени од болести во минатото, ситуацијата со ковид-19 во Турција е сфатена многу сериозно. Работниците и гостите ги соблекуваат чевлите пред да влезат во вашиот дом, а рестораните секогаш нудат средство за дезсинфекција на рацете уште пред да настапи корона-кризата. Службени лица за хигиена стојат на улиците држејќи послужовници со шишиња со гел за дезинфекција.
Малите продавници и бизниси се затворени во текот на епидемијата. Рестораните нудат само достава, а кафулињата, баровите и продавниците за чај се сѐ уште затворени. Но, како што температурите полека растат, жителите на градот се желни да излезат надвор од домовите и да се радуваат на сончевата светлина.
Полека, дуќанџиите започнуваат со чистењето на просториите, антикварниците ги вадат предметите надвор, а продавниците за мебел ги поставуваат штандовите со брошури на тротоарите. Но, засега уште нема трага од купувачи.
Грнчарите, столарите и златарите, кои досега работеа надвор пред нивните работилници на тесните занаетчиски улици, се чини како да се целосно исчезнати. Пандемијата финансиски ги погоди сите.
Сепак, глетката со првиот муштерија кој го пие неговото турско кафе додека седи надвор и мирно го гледа Босфорот е знак дека стариот, нормален живот полека се враќа во градот.