Поради коронавирусот, рускиот град Перм, во близина на планината Урал, планира проект кој ќе им овозможи на луѓето да освојат награда сами да присуствуваат на приватна оперска или балетска претставa, пишува „Гардијан“.
Проектот наречен „Еден на еден“ претставува уникатен експеримент и можност само еден добитник да биде публика на претстава по цена од еден билет.
Проектот е осмислен од Марат Гацалов, главен сценски режисер на театарот „Перм опера и балет“. Идејата, според Гацалов и претходела на пандемијата на коронавирус која ги затвори театрите, музеите и другите културни институции ширум светот, бидејќи публиката сега е изложена на физичко дистанцирање и е во самоизолација во нивните домови.
Но, кога локалната самоуправа во Перм, индустриски град кој исто така има репутација на културен центар, објави дека треба да се откажат настаните со повеќебројна публика, Гацалов сфатил дека е време за експериментот.
– Ни беше кажано дека не можеме да ги пуштиме гледачите во театарската сала. Но, тоа не значи дека не може да има само еден гледач – рече Гацалов.