Тренерот на фудбалерите на Арсенал Микел Артета и фудбалерот на Челси Калум Хадсон-Одои се заразени со коронавирусот.
Фудбалскиот клуб Арсенал објави соопштение во кое се наведува дека Артета оди во самоизолација и дека сите членови на клубот ќе бидат тестирани.
Слична е ситуацијата и во вториот клуб од Лондон, Челси, откако тестот на Хадсон-Одои покажал дека фудбалерот е заразен со вирусот. Сите фудбалери, тренери и помошен персонал биле во самоизолација.
Премиер-лигата поради новонастанатата ситуација за денес најави итен состанок со претставниците на сите клубови.